{"title":"Аспекти на придавската секундарна предикација во македонскиот јазик","authors":"Бојан Петревски","doi":"10.37834/JCP1920065P","DOIUrl":null,"url":null,"abstract":"Во трудот се посочуваат основните карактеристики на придавската секундарна предикација во македонскиот јазик. Проблемот се разгледува, пред сѐ, од семантички и од синтаксички аспект, но и на планот на информациската структура. Се изделуваат основните значења на придавките во таа функција, врската меѓу нивниот карактер од аспект на тематско-рематската структура и позицијата во исказот и причините за нивната интегрираност или неинтегрираност во прозодиската структурa. Во таа смисла, се посочува кога влегуваат во релација што е само временски паралелна со примарната предикација, од една страна, и со дополнителна, каузална нијанса, од друга; во кои случаи се јавуваат во информациското јадро или надвор од него во зоната десно или лево од предикатот; какви импликации има нивниот информациски карактер во поглед на позицијата; како се одразува разликата помеѓу депиктивните секундарни предикати и придавските елементи што изразуваат подолготрајни карактеристики. Примерите се ексцерпирани од неколку книжевни дела.","PeriodicalId":186551,"journal":{"name":"Journal of Contemporary Philology, Ss Cyril and Methodius University, B Koneski Faculty of Philology","volume":"189 1","pages":"0"},"PeriodicalIF":0.0000,"publicationDate":"2019-12-19","publicationTypes":"Journal Article","fieldsOfStudy":null,"isOpenAccess":false,"openAccessPdf":"","citationCount":"0","resultStr":null,"platform":"Semanticscholar","paperid":null,"PeriodicalName":"Journal of Contemporary Philology, Ss Cyril and Methodius University, B Koneski Faculty of Philology","FirstCategoryId":"1085","ListUrlMain":"https://doi.org/10.37834/JCP1920065P","RegionNum":0,"RegionCategory":null,"ArticlePicture":[],"TitleCN":null,"AbstractTextCN":null,"PMCID":null,"EPubDate":"","PubModel":"","JCR":"","JCRName":"","Score":null,"Total":0}
Аспекти на придавската секундарна предикација во македонскиот јазик
Во трудот се посочуваат основните карактеристики на придавската секундарна предикација во македонскиот јазик. Проблемот се разгледува, пред сѐ, од семантички и од синтаксички аспект, но и на планот на информациската структура. Се изделуваат основните значења на придавките во таа функција, врската меѓу нивниот карактер од аспект на тематско-рематската структура и позицијата во исказот и причините за нивната интегрираност или неинтегрираност во прозодиската структурa. Во таа смисла, се посочува кога влегуваат во релација што е само временски паралелна со примарната предикација, од една страна, и со дополнителна, каузална нијанса, од друга; во кои случаи се јавуваат во информациското јадро или надвор од него во зоната десно или лево од предикатот; какви импликации има нивниот информациски карактер во поглед на позицијата; како се одразува разликата помеѓу депиктивните секундарни предикати и придавските елементи што изразуваат подолготрајни карактеристики. Примерите се ексцерпирани од неколку книжевни дела.