{"title":"Неменливите изрази во книжевниот превод од полски на македонски јазик","authors":"Лидија Танушевска","doi":"10.37834/JCP1920049T","DOIUrl":null,"url":null,"abstract":"Во овој труд се разгледуваат неменливите зборови и изрази како модификатори на значењето на текстот. Се служиме со полскиот термин модулант и класификацијата на модулантите според М. Гроховски, затоа што терминот е прифатен во полската наука за преводот како заеднички за единици од рамништето на текстот, чија категоријално-граматичка природа е разнородна: од традиционалните партикули, генетичките прилози, некои заменки, честопати и предлози, па дури и до интенционални сврзници, како и цели јазични фрази. Анализата се заснова на примери од полски книжевни дела и нивните еквиваленти во македонскиот превод, односно на разликите во преводот врз основа на значенските нијанси што ги внесуваат модулантите. Тие се интересни во поглед на преводот, бидејќи внесуваат нијанси во значењето на текстот, како на пример, логичка валоризација, модална оцена, вмешаноста на говорителот во содржината на текстот и сл. Јазичните еквиваленти не се секогаш функционално соодветни на дополнителните значенски нијанси, па затоа се појавуваат разлики во преводот. Тие разлики произлегуваат понекогаш поради употребата на функционално несоодветни еквиваленти, а понекогаш и поради испуштањето на овие „факултативни“ елементи, што се должи на погрешното традиционално лингвистичко сфаќање дека се небитни за текстот. Анализата има цел да го покаже токму спротивното, односно дека тие се важни за текстот и, особено, за преводот.","PeriodicalId":186551,"journal":{"name":"Journal of Contemporary Philology, Ss Cyril and Methodius University, B Koneski Faculty of Philology","volume":"66 1","pages":"0"},"PeriodicalIF":0.0000,"publicationDate":"2019-12-19","publicationTypes":"Journal Article","fieldsOfStudy":null,"isOpenAccess":false,"openAccessPdf":"","citationCount":"0","resultStr":null,"platform":"Semanticscholar","paperid":null,"PeriodicalName":"Journal of Contemporary Philology, Ss Cyril and Methodius University, B Koneski Faculty of Philology","FirstCategoryId":"1085","ListUrlMain":"https://doi.org/10.37834/JCP1920049T","RegionNum":0,"RegionCategory":null,"ArticlePicture":[],"TitleCN":null,"AbstractTextCN":null,"PMCID":null,"EPubDate":"","PubModel":"","JCR":"","JCRName":"","Score":null,"Total":0}
引用次数: 0
Abstract
Во овој труд се разгледуваат неменливите зборови и изрази како модификатори на значењето на текстот. Се служиме со полскиот термин модулант и класификацијата на модулантите според М. Гроховски, затоа што терминот е прифатен во полската наука за преводот како заеднички за единици од рамништето на текстот, чија категоријално-граматичка природа е разнородна: од традиционалните партикули, генетичките прилози, некои заменки, честопати и предлози, па дури и до интенционални сврзници, како и цели јазични фрази. Анализата се заснова на примери од полски книжевни дела и нивните еквиваленти во македонскиот превод, односно на разликите во преводот врз основа на значенските нијанси што ги внесуваат модулантите. Тие се интересни во поглед на преводот, бидејќи внесуваат нијанси во значењето на текстот, како на пример, логичка валоризација, модална оцена, вмешаноста на говорителот во содржината на текстот и сл. Јазичните еквиваленти не се секогаш функционално соодветни на дополнителните значенски нијанси, па затоа се појавуваат разлики во преводот. Тие разлики произлегуваат понекогаш поради употребата на функционално несоодветни еквиваленти, а понекогаш и поради испуштањето на овие „факултативни“ елементи, што се должи на погрешното традиционално лингвистичко сфаќање дека се небитни за текстот. Анализата има цел да го покаже токму спротивното, односно дека тие се важни за текстот и, особено, за преводот.